top of page

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА

ВИТА РЕС ДОО РЕСЕН

 

Заштитата на приватноста и доверливоста на податоците на клиентите и вработените е од најголемо значење за ВИТА РЕС ДОО Ресен (во натамошниот текст: ВИТА РЕС), притоа земајќи ја предвид и природата на нашето работење како и податоците коишто ние ги прибираме при нашето тековно работење.

Политика за приватност на ВИТА РЕС има за цел да го објасни процесот на собирање, користење, обработка, откривање, заштита и уништување („животниот циклус“) на личните податоци коишто ги обработува.

Секоја активност поврзана со личните податоци, ВИТА РЕС ја спроведува во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти донесени врз основа на овој Закон, како правна рамка којашто ја имплементира општата Регулативата на Европската Унија за заштита на податоците (анг.: “EU General Data Protection Regulation (GDPR)”).

За целите на заштита на личните податоци, ВИТА РЕС има назначено Офицер за заштита на личните податоци (контакт податоци подолу), кого субјектите можат да го контактираат за прашања поврзани со обработката на нивните лични податоци и за остварувањето на нивните законски права. ВИТА РЕС располага и со комплетен тим составен од овластени лица и експерти од областа на информатичката технологија кои посветено работат на заштитата на личните податоци на субјектите. Дополнително, заштита на приватноста и доверливоста на податоците на клиентите на ВИТА РЕС е дел од Кодексот на Етика на ВИТА РЕС чиишто одредби се задолжителни за сите вработени лица во ВИТА РЕС.

Оваа Политика е сочинета од следните поглавја:

1. Улогата на ВИТА РЕС според Законот за заштита на личните податоци

2. Основни начела за обработка на личните податоци

3. Категории на лични податоци коишто се обработуваат од страна на ВИТА РЕС

4. Целите на обработка на личните податоци

5. Корисници на кои ВИТА РЕС може да ги открие личните податоци

6. Правилата што се применуваат при пренос на личните податоци на субјектите во други земји

(преку-граничен пренос)

7. Временскиот период на чување на личните податоци на субјектите и состојбата на личните

податоци по истек на временскиот период

8. Правата на субјектите во врска со нивните лични податоци

9. Видео надзор

10. Маркетинг

12. Безбедност на обработка на личните податоци

13. Изменување / дополнување на Политиката за приватност

14. Контакт податоци за ВИТА РЕС и Офицерот за заштита на лични податоци и начин на пријави на

повреда на личните податоци

АНЕКС број 1: Политика за приватност на личните податоци на веб – страната на ВИТА РЕС ДОО Ресен

АНЕКС број 2: Политика за приватност за вработените на ВИТА РЕС ДОО Ресен

АНЕКС број 3: Политика за приватност за кандидати за вработување во ВИТА РЕС ДОО Ресен

 

1. УЛОГАТА НА ВИТА РЕС ДОО РЕСЕН СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

ВИТА РЕС согласно одредбите на Законот за заштита на личните податоци е Контролор, односно правно лице коешто ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци на субјектите на лични податоци.

 

2. ОСНОВНИ НАЧЕЛА

Како контролор, ВИТА РЕС обезбедува заштита и обработка на личните податоци во согласност со важечката правна рамка којашто ја следи на редовна основа и за таа цел обезбедува дека личните податоци на субјектите се обработуваат во согласност со следните начела:

- Законитост, правичност и транспарентност – личните податоци се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци;

- Ограничување на целите – личните податоци се собираат за конкретни, јасни и легитимни / со закон утврдени цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели;

- Минимален обем на податоци – личните податоци кои се обработуваат се соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат. Ова начело е релевантно и во однос на пристапот до личните податоци кои се обработуваат;

- Точност – личните подaтоци се точни и, каде што е потребно, ажурирани, при што се преземаат сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни;

- Ограничување на рокот на чување – личните податоци се чувани во формат кој овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци. Личните податоци може да се чуваат подолго од нивниот рок на чување ако се обработуваат само за целите на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели во согласност закон, а со применување на соодветни технички и организациски мерки заради заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци;

- Интегритет и доверливост - личните податоци се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка како и нивно случајно уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки; и

- Начело на отчетност [accountability] – ВИТА РЕС е одговорна за усогласеноста со горенаведените начела и може да ја демонстрира усогласеноста во секое време, особено по барање / контрола на внатрешните ревизори, Офицерот за заштита на личните податоци или пак Агенцијата за заштита на личните податоци.

 

3. КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИШТО СЕ ОБРАБОТУВААТ ОД СТРАНА НА ВИТА РЕС

ВИТА РЕС прибира, чува и обработува лични податоци што ги откриваат или веќе ги откриле на ВИТА РЕС потенцијалните и / или постојни клиенти и генерално, лицата кои вршат деловни активности со ВИТА РЕС во било кое својство во сите фази на деловната соработка во контекст на производите / услугите обезбедени од ВИТА РЕС или преку истата, како и податоците што произлегуваат од Белешките за откуп на производи од физички лица, Договорите со физички и правни лица, како и фактурите за купопродажба од и кон други правни лица од горенаведената категорија на лица, од системот на ВИТА РЕС.

Примарен извор на лични податоци на ВИТА РЕС се оние лични податоци кои субјектите самите ги имаат дадено на ВИТА РЕС, при пополнување и издавање на Белешките за откуп и/или фактурите при купопродажба на производ во релација со ВИТА РЕС (во случај на клиенти).

Напоменуваме дека ВИТА РЕС обработува лични податоци единствено во обем којшто е неопходен за целите на обработката.

Особено, ВИТА РЕС може да врши обработка на следниве лични податоци:

  • Личните податоци што ги доставуваат субјектите, како што се: податоци за идентификација (име и презиме, датум и место на раѓање, единствен матичен број на граѓанинот, податоци за лична карта или пасош, итн.), контакт податоци (поштенска адреса, телефонски број, адреса за електронска пошта), финансиски податоци (информации во врска со исплата и наплата, даночен број, единствен матичен број на субјектот и тн.), податоци за пристап за електронски апликации (на пр. најава на нашата веб страница), податоци за електронска идентификација, итн.

  • Лични податоци коишто ги прибира ВИТА РЕС, како што се:

    • во согласност со важечката правна рамка за доставување на податоци до надзорните органи;

    • во контекст на преписката и општа комуникација на клиентите со ВИТА РЕС;

    • “колачиња” (анг.: “cookies”) и придружни технологии кои овозможуваат пристап и употреба на специфични страници и / или веб-страници;

    • информации обезбедени од надзорни, судски и други јавни и независни органи;

    • податоци што ги засегаат клиентите и коишто се јавно достапни преку Интернет или на друг начин;

    • податоци за вработените лица во ВИТА РЕС, лицата коишто вршат практикантска или волонтерска работа во ВИТА РЕС во согласност со важечката правна рамка од оваа област (Закон за евиденции од областа на трудот, Законот за работните односи и други), кои се поопширно објаснети во Анекс 2 на оваа Политика;

    • податоци за кандидатите за вработување во ВИТА РЕС, кои се поопширно објаснети во Анекс 3 на оваа Политика;

    • личните податоци кои се собираат при користење на веб – страната на ВИТА РЕС, кои се поопширно објаснети во Анекс 1 на оваа Политика;

Личните податоци што ги обработува ВИТА РЕС се чуваат во хартиена и / или електронска форма.

 

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

ВИТА РЕС презема соодветни мерки за заштита на личните податоци за малолетници, во согласност со регулативата. ВИТА РЕС воопшто не прибира, обработува или чува лични податоци на малолетни лица, освен доколку личните податоци ги обезбедиле лицата кои имаат старателство над малолетниците и единствено за потребите на деловниот однос со ВИТА РЕС во корист на малолетниците, освен кога е поинаку пропишано со закон (како на пример, во исклучителни ситуации, малолетно лице со навршени 16 години старост и склучен брак, во кој случај се стекнува со деловна способност).

Напоменуваме дека производите и услугите што ги обезбедува ВИТА РЕС во никој случај не се наменети за директна употреба од страна на малолетни лица. Дополнително, ВИТА РЕС не дава услуги на информатичко општество за деца во контекст на член 12 од Законот за заштита на личните податоци.

 

4. ЦЕЛИТЕ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

ВИТА РЕС ги обработува личните податоци на субјектите коишто се собираат при воспоставувањето / продолжувањето на деловниот однос со ВИТА РЕС, за следните цели:

 

А. Во контекст на извршување на договор или пред неговото потпишување, особено:

1. да го потврди идентитетот на клиентот;

2. да оствари комуникација со клиентите при преземањето на преддоговорните дејствија или за прашања поврзани со деловниот однос со ВИТА РЕС, вклучително и да преземе дејствија за исплата и наплата.

3. да го подготви, склучи и да управува со Договорот склучен со ВИТА РЕС и да преземе дејствија за исполнувањето на обврските кон клиентите како и со цел извршување, управување, следење и обработка на клиентските трансакции, се со цел да обезбеди ефикасност во обезбедувањето на бараниот производ / услуга од ВИТА РЕС;

4. да обезбеди извршување на трансакциите коишто се вршат преку системот за електронско банкарство на ВИТА РЕС;

 

Б. Како дел од усогласеноста на ВИТА РЕС со обврските утврдени со важечката законска и регулаторна рамка, особено:

1. за спречување и сузбивање на перење пари и финансирање на тероризам и спречување измама против ВИТА РЕС и / или нејзините клиенти и какво било друго незаконско дејствие односно за идентификација, верификација и следење на деловните активности на клиентите;

2. да ја процени компатибилноста и соодветно секоја друга проценка или категоризација на клиентот во врска со производите или услугите;

3. да ги евидентира и изврши сите налози на клиентите за вршење на трансакции со финансиски инструменти, вклучувајќи ја и обврската за евидентирање на налози дадени по телефон;

4. да евидентира и води евиденција за комуникациите на ВИТА РЕС по телефон (или третите лица со кои ВИТА РЕС соработува за наплата на достасани побарувања), извршени со цел информирање на нејзините должници за нивните заостанати долгови;

5. да ги документира барањата на клиентите (на пример: Барање за реструктуирање, компензација или цесија на долг поради неможност клиентот да го отплати долгот) и проценката на истото од страна на ВИТА РЕС;

6. да се придржува на своите обврски што произлегуваат од важечката законодавната рамка и од одлуките на надзорните или судските органи;

7. да открива и пренесува информации на надлежните јавни органи како и правни лица

со јавни овластувања, секогаш кога тоа е нужно во согласност со важечкото законодавство.

 

В. Во контекст на законското и тековното работење на ВИТА РЕС и заштитата на нејзините права и законски интереси, особено:

1. да ги развива и / или подобрува производите и услугите што ги нуди ВИТА РЕС во однос на преференциите на клиентите;

2. да одговори на Барања / Поплаки од клиенти;

3. да ги процени и да управува со ризиците во врска со работењето на ВИТА РЕС;

4. да спречи извршување на кривични дела (пр. измами) и да идентификува и собира податоци за незаконски активности, за физичко обезбедување на лица и имот (вклучувајќи го и системот за видео надзор);

5. да ги извршува своите правни побарувања пред судските органи или други тела за вонсудско / алтернативно решавање на спорови,

6. да ги проценува и оптимизира безбедносните процедури, ИТ системите итн.

 

Г. Врз основа на дадена согласност:

1. да испрати информации за нови производи и / или услуги што ги нуди ВИТА РЕС и што одговараат на интересите и преференциите на клиентите. Во овој случај, клиентите имаат право да ја повлечат согласноста во секое време, без надомест, преку неколку канали: i. директно во просториите за Администрација на ВИТА РЕС, или со ажурирање на нашата веб страница, а притоа без истото да влијае на законитоста на било каква обработка што може да се одвивала врз основа на согласноста пред таа да биде повлечена;

2. за подобро разбирање на начинот на користење и интеракција со содржината на веб страницата на ВИТА РЕС, со користење “колачиња” (анг.: “cookies”);

3. да ги подобри услугите што ги обезбедува преку веб-страница, за подобро корисничкото искуство.

 

Во однос на горенаведеното, напоменуваме дека согласност не е потребна во следниве случаи:

• за извршување на договор склучен со ВИТА РЕС или со цел преземање на потребните активности во врска со барањето што клиентот го поднел пред пристапување кон договорот;

• за исполнување на законска обврска на ВИТА РЕС како контролор;

• за заштита на суштинските интереси на клиентите или на друго лице;

• за извршување на работи од јавен интерес; и

• кога обработката е потребна за целите на легитимните интереси на ВИТА РЕС или на трето лице, освен кога таквите интереси не преовладуваат над интересите или основните права и слободи на субјектите за кои е потребна заштита на лични податоци, особено кога субјектот е дете.

 

5. КОРИСНИЦИТЕ НА КОИ ВИТА РЕС МОЖЕ ДА ГИ ОТКРИЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ

ВИТА РЕС може да ги открие личните податоци на јавни органи во согласност со нивните законски овластувања, и на трети лица со кои ВИТА РЕС соработува во рамките на своето редовно работење.

Поконкретно, ВИТА РЕС може да ги открие личните податоци на субјектот на личните податоци само доколку е обврзана согласно закон, одлука на надлежен орган или на трети лица, односно на следната категорија корисници на лични податоци: државни органи или правни лица основани од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или други тела како и на трети лица (физички или правни лица) кои дејствуваат по наредба или во име на ВИТА РЕС, како што се:

(а) компании ќерки на ВИТА РЕС, како и сите лица (физички или правни лица) кои соработуваат со ВИТА РЕС во каква било форма, дејствувајќи во име и за сметка на ВИТА РЕС, сето тоа поради целите на легитимните интереси на ВИТА РЕС (примарно, поради поефикасна и побезбедна обработка на личните податоци, или пак носење на стратешки одлуки во рамките на ВИТА РЕС);

(б) трети лица (физички или правни лица) кои соработуваат со ВИТА РЕС во каква било форма, дејствувајќи во име и за сметка на ВИТА РЕС, со цел да се постигне целта за обработка на договорот, вклучувајќи ги следниве категории:

1. Компании кои ги информираат должниците и / или гарантите за нивните долгови пред или по престанокот и / или подготвителните активности потребни за вонсудска и судска постапка за наплата на ВИТА РЕС за нивните заостанати долгови;

2. Компании - добавувачи на опрема за информатичка технологија;

3. Агенции за обезбедување лица и имот;

4. Друштва за консултантски услуги, вклучително и финансиски советници и ревизори;

5. Компании - даватели на податоци;

6. Осигурителни компании и застапници во осигурување во контекст на обезбедување производи за осигурување;

7. Органи за социјално осигурување, јавни установи и јавни компании;

8. Финансиски институции, Управа за јавни приходи, издавачи на електронски пари, берзи и други институции од оваа област;

9. Надзорни, судски, независни и други органи на национално и европско ниво заради исполнување на законските обврски на ВИТА РЕС наложени согласно важечката регулатива или со судска одлука;

10. Овластени сметководители и ревизорски друштва.

 

ВИТА РЕС соработува само со трети лица кои можат да имплементираат соодветни технички и организациски мерки согласно регулативата и стандардите на ВИТА РЕС, при тоа овозможувајќи соодветна заштита на личните податоци. Во вакви случаи, третите лица (обработувачите на личните податоци) се обврзани со конкретен Договор кој обезбедува дека личните податоци се обработуваат само во согласност со инструкциите дадени од ВИТА РЕС и со почитување на заштитни технички и организациски мерки со кои се обезбедува безбедност на личните податоци.

*Напомена: Согласно Законот за облигациони односи (член 426 став 1), ВИТА РЕС може да ги пренесе и/или продаде побарувањата на должниците на ВИТА РЕС при што неизбежно се пренесуваат и личните податоци на засегнатите субјекти. Во ваква ситуација, не е потребна согласност од должникот но ВИТА РЕС задолжително ќе ги извести должниците за отстапувањето на побарувањата.

 

6. ПРАВИЛАТА ШТО СЕ ПРИМЕНУВААТ ПРИ ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ (ПРЕКУ-ГРАНИЧЕН ПРЕНОС)

ВИТА РЕС може да изврши пренос на личните податоци кои ги обработува согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

ВИТА РЕС, по потреба, на пример заради спроведување на Договор за користење на услуги од надворешни лица кога давателот на услугата е надворешно лице од странство, може да изврши пренесување на личните податоци во други држави што се членки на ЕУ или на ЕЕА и за тоа ја известува Агенцијата за заштита на лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци. ВИТА РЕС исто така има право да изврши пренос на личните податоци и во други држави што не се членки на ЕУ или на ЕЕА, по претходно одобрение за пренос на личните податоци од Агенцијата за заштита на личните податоци односно по добиена Одлука за соодветност од страна на Агенцијата доколку проценила дека третата земја обезбедува соодветно ниво на заштита на личните податоци.

 

7. ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ И СОСТОЈБАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПО ИСТЕК НА ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД

Основно начело во однос на чувањето на личните податоци е дека ВИТА РЕС ги чува во временски период минимум од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат истите. Периодот на чување често е поврзан со основот поради кои се обработуваат личните податоци. Пример, доколку обработката на личните податоци е потребна за исполнување на законска обврска, често периодот на чување е определен во конкретниот закон (пр. клиентското досие на сите клиенти на ВИТА РЕС се чуваат 10 години од последната трансакција согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам).

По истек на временскиот период на чување на податоците, ВИТА РЕС ги уништува податоците согласно соодветна Процедура на ВИТА РЕС, запазувајќи ги одредбите од важечката регулатива. Исто така, обезбедува дека таквиот процес е запазен и од страна на третите лица коишто обезбедуваат услуги во име и за сметка на ВИТА РЕС и другите деловни соработници.

 

8. ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Субјектите на лични податоци имаат одреден сет на права утврдени со Законот за заштита на лични податоци кои се подолу објаснети.

- Право на информираност (член 16, 17 и 18 од Законот)

ВИТА РЕС ги информира субјектите на лични податоци за процесот на обработката на податоците, целите на обработката, категориите на лични податоци што се обработуваат, орисниците/категориите на корисници доколку ги има, намерата за пренос – граничен пренос (доколку се пренесени, информации за соодветните заштитни мерки со можност за добивање на копија или информација каде се достапни), временскиот период на чување на личните податоци/критериумите што се користат за одредување на тој период, легитимните интереси на ВИТА РЕС, ако обработката се врши согласно овој основ за обработка на личните податоци, постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето, како и информација за правата на субјектите на лични податоци. Во согласност со начелото на транспарентност, ВИТА РЕС ги информира субјектите на лични податоци за работите поврзани со личните податоци преку повеќе канали: i. кратка информација во самата Апликација за регистрација на клиенти кој е првиот формален чекор при воспоставување деловен однос, ii. Оваа Политика за приватност која е јавно достапна на веб-страницата на ВИТА РЕС и во печатена форма во сите филијали, iii. Нотификацијата за видео-надзор во сите места каде што ВИТА РЕС има поставено камери.

Напоменуваме дека ВИТА РЕС не е должна да ги достави овие информации во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци (член 18 став 5).

- Право на пристап (член 19 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да добијат потврда од ВИТА РЕС дали се обработуваат нивните лични податоци и доколку се обработуваат имаат право да добијат информации согласно правото на информирање.

- Право на исправка или дополнување (член 20 и 23 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право на исправка на нивните неточни лични податоци.

- Право на бришење на податоците (член 21 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од ВИТА РЕС да ги избрише нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личните податоци. Во суштина, по барање на субјектот на личните податоци, ВИТА РЕС ќе ги избрише истите само доколку личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани или пак, каде што е релевантно, субјектот на лични податоци ја повлекол својата согласност а личните податоци биле обработувани врз основа на дадената согласност (во случај на директен маркетинг). Она што е особено важно е да се напомене дека согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам ВИТА РЕС ги чува клиентските досиеја на сите клиенти во период од 10 години од последната трансакција / трансакција во обид.

При бришење на личните податоци, ВИТА РЕС води сметка истите да се избришат и од страна на третите страни со кои ВИТА РЕС соработува а кои ги обработуваат тие податоци.

- Право на ограничување на обработката (член 22 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од ВИТА РЕС да ја ограничи обработката на нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личните податоци вклучително и под услов обработката да не е повеќе неопходна за усогласување со законска обврска која бара обработка според закон што се применува во однос на ВИТА РЕС.

- Право на приговор (член 25 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да поднесат приговор до ВИТА РЕС во секое време, врз основа на конкретна ситуација поврзана со нив, кога обработката на нивните лични податоци се заснова врз основа на легитимниот интерес на ВИТА РЕС или трето лице или јавниот интерес вклучувајќи и профилирање засновано на овие основи. Доколку личните податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг, субјектите имаат право во секое време да поднесат приговор на обработката на личните податоци и да побараат ВИТА РЕС да ја запре натамошната обработка на личните податоци за тие цели.

- Право на регулирање на било какво автоматско донесување на одлуки и профилирање (член 26 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да не бидат предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка на нивните лични податоци, вклучувајќи го и профилирањето што предизвикува правни последици или на сличен начин значително влијае на клиентот, освен во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци.

- Право на преносливост (член 24 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да ги добијат нивните лични податоци, а кои ги имаат дадено на ВИТА РЕС во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имаат право да ги пренесат на друг контролор, без попречување од страна на ВИТА РЕС, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на лични податоци.

Напоменуваме дека Барањето за остварување на правата е достапно на веб страницата на ВИТА РЕС и истото можете да го поднесете на адреса „ул. 29 Ноември, бр. 1/26, 7310 Ресен, РС Македонија“ со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“ или електронски, на е-адресата vitares@live.com, при што треба електронски да го потпишете Барањето или пак да го испратите скенирано пополнетото Барање.

НАПОМЕНА: Пред поднесување на Барање за остварување на правата се охрабруваат и замолуваат сите субјекти на лични податоци да ги прочитаат релевантните законски одредби цитирани погоре кои содржат услови и ограничувања кога и како се остваруваат правата, а со цел да се избегнат непотребни и неосновани барања до ВИТА РЕС.

Воедно напоменуваме дека бараните информации ВИТА РЕС ќе ги обезбеди без надоместок освен во случај кога Барањата се очигледно неосновани или прекумерни, особено ако се повторуваат истите барања. Во овие случаи ВИТА РЕС или ќе одбие да постапи по Барањето или ќе наплати надоместок имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата или постапувањето по Барањето, за што соодветно ќе бидете известени.

Исто така, напоменуваме дека доколку се побара повеќе од една копија од личните податоци што се обработуваат, ВИТА РЕС донесува одлука дали ќе наплати надоместок при што ги зема предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на копиите.

 

9. СИСТЕМ НА ВИДЕО НАДЗОР

ВИТА РЕС врши видео надзор само на просторот кој е доволен за исполнување на целите за кои е поставен, односно за заштита на животот и здравјето на луѓето, заштита на сопственоста, заштита на животот и здравјето на вработените, и/или обезбедување на контрола на влегувањето и излегувањето од службените простории.

Начинот на вршење на видео надзорот е подетално регулиран со Правилникот за начинот на вршење на видео надзор на ВИТА РЕС. Овој Правилник е изработен врз основа на Законот за заштита на личните податоци и релевантните подзаконски акти донесени врз основа на овој Закон.

Снимките направени при вршење на видео надзорот се чуваат до исполнување на целта за кои се врши видео надзорот но не подолго од 30 дена. По истекот на овој рок снимките автоматски се бришат од системот на видео надзор. Снимките од видео надзорот може да се чуваат подолг временски период ако чувањето е согласно закон во кој се содржани заштитни мерки и други мерки за заштита на правата и слободите на субјектите на личните податоци, но не подолго од исполнувањето на целта. Исто така, снимките може да се чуваат подолг временски период кога тоа е потребно за остварување на легитимниот интерес на ВИТА РЕС при водење на соодветни постапки согласно закон, и интерните процедури за начинот на чување и бришење на снимките. Видео снимките кои не се бришат автоматски односно кои се чуваат подолг временски период а за кои е исполнета целта, се уништуваат од страна на посебна Комисија за уништување на видео материјал.

На видливо и јасно место каде што е поставен видео надзор ВИТА РЕС има соодветно известување (налепница) која истакнува дека се врши видео надзор, како и податоци за името на контролот, целта на видео надзорот, рокот на чување на видео снимките, правата на субјектите на личните податоци како и начинот на кој може да се добијат дополнителни информации.

 

10. ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ

ВИТА РЕС може да ги користи личните податоци на субјектите со цел нивно информирање за производи / услуги на ВИТА РЕС или други слични промотивни активности коишто би можеле да ги интересираат, само по добиена изречна согласност. ВИТА РЕС не ги продава ниту дава личните податоци дадени за оваа цел на незасегнати трети лица за нивни маркетинг цели.

Напоменуваме дека дадената согласност за оваа цел може да се повлече во секое време без надомест, преку следниве канали:

i. директно во просториите на ВИТА РЕС

ii. Преку веб страницата на ВИТА РЕС

 

11. БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Доверливоста на личните податоци на клиентите на ВИТА РЕС има посебен фокус од страна на сите служби во ВИТА РЕС.

ВИТА РЕС ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба. За оваа цел, се применуваат голем сет на технички и организациски мерки со кои ВИТА РЕС гарантира дека личните податоци се обработуваат строго согласно Законот за заштита на личните податоци и дека се обработуваат од добро обучени лица со ограничен и контролиран пристап до истите и преку безбедни и модерни ИТ системи.

Секој вработен е одговорен за почитување на интерните политики за заштита на лични податоци на ВИТА РЕС и ВИТА РЕС има нулта толеранција за случаи кои може да ја доведат во прашање довербата и приватноста на клиентите и пошироката јавност.

Нарушување на безбедноста на лични податоци може да настане во случај на случајно или намерно уништување, губење, менување, откривање или пристап до личните податоци. Во ваква ситуација, ВИТА РЕС веднаш откако дознала за нарушувањето на безбедноста а најдоцна во рок од 72 часа ја известува Агенцијата за заштита на лични податоци. Доколку оцени дека станува збор за ситуација каде што постои веројатност да предизвика висок ризик за правата и слободите на клиентите, и се исполнети законските услови од Законот за заштита на личните податоци, ги известува и сите засегнати физички лица.

 

12. ИЗМЕНУВАЊЕ / ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политиката на Приватност е усвоена на 19.09.2022 година.

ВИТА РЕС има право да ја ажурира / изменува односно дополнува оваа Политика за приватност на ВИТА РЕС ДОО Ресен, со цел усогласување со важечката правна рамка, или интересите на ВИТА РЕС, доколку истите се повисоки во однос на предвидените со националното законодавство.

Во ваков случај, ВИТА РЕС ќе објави известување на својата веб-страница со наведување на датумот на измена и кои се измените во Политиката.

 

13. КОНТАКТ ПОДАТОЦИ ЗА ВИТА РЕС И ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

За било какви прашања во врска со оваа Политика за приватност на ВИТА РЕС ДОО Ресен како и во врска со Политиките од Анексите во прилог на оваа Политика, ве молиме контактирајте го Офицерот за заштита на лични податоци на еден од следните начини:

- преку писмен допис којшто можете да го поднесете до ВИТА РЕС ДОО Ресен на адреса „ул. 29 Ноември“ 1/26, 7310 Ресен, РС Македонија“ со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“;

- по електронски пат, на е-адресата vitares@live.com или

- преку телефонскиот бр +38975281174

 

АНЕКС број 1: ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ВЕБ-СТРАНАТА НА ВИТА РЕС ДОО РЕСЕН

ВИТА РЕС собира податоци за посетителите / корисниците на својата веб–страница (во натамошниот текст: „корисниците“), достапна на следниот линк: www.vitares.com.mk. Веб-страницата може да вклучува линкови до други веб-страници кои се под одговорност на трети лица (физички или правни лица). Во никој случај ВИТА РЕС не е одговорна за мерките за заштита и управување со личните податоци во однос на гореспоменатите веб-страници на трети лица.

Личните податоци кои се собираат преку веб-страната и онлајн сервисите на ВИТА РЕС се потребни во моментот кога корисникот ќе ја побара услугата или посети страницата. ВИТА РЕС може да ги обработи сите или дел од дадените лични податоци од корисниците со цел да ја обезбеди е-услугата како и за статистички/аналитички цели со цел подобрување на услугите и корисничкото искуство.

Поконкретно, ВИТА РЕС ги собира следните податоци:

1. Лични идентификациски податоци

ВИТА РЕС може да собира лични идентификациски податоци од корисниците на разни начини, а во врска со активностите, услугите, карактеристиките или достапните ресурси на веб-страницата и онлајн сервисите на ВИТА РЕС.

Корисниците може да ја посетат страницата и анонимно преку „инкогнито моуд“ на интернет пребарувачот.

ВИТА РЕС ги собира личните идентификациски податоци од корисниците само доколку тие самите се согласат да ги достават до ВИТА РЕС. Истите можат во секое време да одбијат да ги достават личните идентификациски податоци.

Лични податоци кои ВИТА РЕС може да ги собира и обработува кога ги посетувате веб-страницата или останатите онлајн услуги, се име и презиме, меил адреса, локациски информации (на пример, со цел да ви го посочиме локацијата на нашата фабрика или локациите на нашите дистрибутери), корисничко име и лозинка и сл.

2. Идентификациски податоци што не се лични

ВИТА РЕС може да собира и идентификациски податоци за корисниците што не се лични, секогаш кога ја посетуваат веб – страницата или онлајн сервисите на ВИТА РЕС.

Идентификациските податоци што не се лични може да вклучуваат:

- Data tracking, односно името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на веб-страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет - услугата и слични информации,

- Времетраење на посета како и времетраење на одреден проблем кој настанал при користењето на веб-страницата или онлајн сервисите,

- Псевдоминизиран ID (единствен идентификациски број) кој се чува со цел да се идентификува корисникот кога повторно ја посетува веб-страницата,

- Маркетинг податоци, односно податоци кои укажуваат на ВИТА РЕС кои реклами и промоции ги прегледал корисникот и сл.,

- Локациски информации, односно податоци за локацијата од каде е отворена веб-страницата или е пристапено кон онлајн сервисите.

Сите овие информации се собираат со цел да се креира псевдоаномизиран профил на корисник. На овој начин се заштитуваат личните податоци на корисникот.

3. “Колачиња (анг.: Cookies)”

Веб - страницата на ВИТА РЕС може да користи „колачиња” со цел да се подобри корисничкото искуство, да се подобри пристапот до одредени услуги на ВИТА РЕС, да се идентификуваат најчесто посетуваните области како и да се процени ефективноста на на веб – страницата но притоа не се обработуваат личните податоци на корисникот. „Колачињата“ се мали текстуални (text) фајлови кои се испраќаат до компјутерот на корисникот со цел да се обезбеди техничка функционалност на веб-страницата и да се персонализира корисничкото искуство (пр. „колаче“ кое ги памети преференциите на корисникот при следна посета на веб-страницата).

ВИТА РЕС користи „колачиња“ кои спаѓаат во три категории:

- Строго неопходни колачиња. Овие колачиња се секогаш активни поради функционалноста на веб-страницата.

- Аналитички колачиња. Податоците кои се обработуваат со овие колачиња се поврзани со начинот на кој се користи веб-страницата од страна на корисниците (од каде доаѓа посетителот, кои страници ги посетува, и сл.). Овие податоци не се користат за маркетинг или други цели освен за подобрување на корисничкото искуство на посетителот.

- Маркетинг колачиња. ВИТА РЕС не користи „колачиња“ кои собираат податоци кои потоа се обработуваат за маркетинг цели. Истовремено, има воспоставено колаче од Google AdSense (трета страна) за нивни маркетинг цели (таргетирање на посетителите додека посетуваат различни веб-страници). Истите се користат согласно Политиката за приватност на Google.

 

Согласно горенаведеното, ВИТА РЕС користи функционално-аналитички „колачиња“ од Google Analytics кои овозможуваат подобра техничка функционалност на веб-страницата, односно и помагаат на ВИТА РЕС да ја следи и подобрува ефективноста на веб-страницата и да го подобрува корисничкото искуство на посетителите. Генерираните информации од “колачињата” за користењето на веб - страницата (вклучително и ИП адресата) се проследуваат до „Гугл“ во анонимизирана форма. Овие информации се користат за да се евалуира користењето на веб-страницата од корисниците и за да се направат статистички извештаи за активноста на веб-страницата на ВИТА РЕС.

При првата посета на веб-страницата на ВИТА РЕС посетителот добива информација за политиката на „колачиња“ на ВИТА РЕС и дава согласност за користење на истите. Во таа насока, напоменуваме дека „колачињата” коишто се неопходни од технички аспект со цел корисниците да ја користат веб – страницата на ВИТА РЕС не е можно да се исклучат. Во однос на останатите видови “колачиња”, коишто не се неопходни за општата функционалност на веб – страницата, предвидена е можност да ги одбиете или да се согласите да ги прифатите. Корисниците може во секој момент да ги изменат преференциите.

Дополнително, користењето на веб-страницата на ВИТА РЕС не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за корисничкото искуство на посетителот.

 

ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

• За подобрување на функционалноста на веб-страницата и онлајн сервисите ВИТА РЕС постојано се стреми да ја подобри понудата на својата веб – страница и онлајн сервиси базирано на повратните информациите што ги добиваме од корисниците.

• За подобрување на услугите на ВИТА РЕС кон клиентите Личните податоци помагаат поефикасно да одговориме на барањата на корисниците за дадени услуги или поддршка што им е потребна (пр. Верификација на идентитет, спречување измами, аналитика, итн.).

• За администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности

 

БЕЗБЕДНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Како што е опишано во Политиката за приватност на ВИТА РЕС ДОО Ресен, ВИТА РЕС применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на личните податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на веб–страницата или онлајн сервисите на ВИТА РЕС.

 

ВЕБ-СТРАНИЦИ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на веб–страницата на ВИТА РЕС, кои водат кон други страници и сервиси на наши партнери, снабдувачи, рекламни фирми, спонзори, и други трети лица. ВИТА РЕС не ја контролира содржината или врските што се присутни на тие страници и не е одговорна за постапките на вработените од страниците што се поврзани кон или од веб–страницата на ВИТА РЕС. Дополнително, наведените страници или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените страници или сервиси може да имаат сопствена Политика за приватност на личните податоци на нивните веб-страници и посебна Политика за односи со клиенти. Пребарувањето и интеракцијата со било која друга страница, вклучувајќи ги и страниците што имаат врски кон веб–страницата на ВИТА РЕС е предмет на конкретните правила и политика на односните страници.

 

ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Политиката за приватност е усвоена на 19.09.2022 година.

ВИТА РЕС има право да ја ажурира / изменува односно дополнува оваа Политика за приватност на личните податоци на веб–страната на ВИТА РЕС ДОО Ресен, со цел усогласување со важечката правна рамка или стандардите на ВИТА РЕС, доколку се построги во однос на предвидените со националното законодавство. Во ваков случај, ВИТА РЕС ќе објави известување на својата веб-страница со наведување на датумот на измена и кои се измените во Политиката.

 

ПОДАТОЦИ ЗА КОНТАКТ

За било какви прашања од областа на заштитата на личните податоци, клиентите може да ја контактираат ВИТА РЕС на начин опишан во точка број 13 од Политиката за приватност на ВИТА РЕС ДОО Ресен.

 

АНЕКС број 2: ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ВРАБОТЕНИТЕ НА ВИТА РЕС ДОО РЕСЕН

Оваа Политика се однесува на вработените на ВИТА РЕС, на практикантите и волонтерите во ВИТА РЕС, вработените со договор на дело и на ангажирани лица (во понатамошниот текст: “вработени”).

Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги обработува ВИТА РЕС за вработените во ВИТА РЕС, целите на обработка на нивните лични податоци, времето на чување на истите, заштитата, итн..

Во однос на начелата на заштита на личните податоци, ВИТА РЕС се води од начелата опишани во Политиката за приватност на ВИТА РЕС ДОО Ресен.

Категории на лични податоци на вработените што ВИТА РЕС ги обработува врз основа на Законот за евиденции од областа на трудот, Законот за работните односи, Законот за практиканство, Законот за волонтерство и други законски и подзаконски акти од оваа област како и заради исполнување на договорните обврски со вработените на ВИТА РЕС, ВИТА РЕС ги обработува следните лични податоци:

1. име, презиме и татково име на работникот;

2. единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ);

3. ден, месец и година на раѓање;

4. место на раѓање (општина, населено место и држава);

5. пол (машки-женски);

6. живеалиште и адреса (општина, населено место, улица и број и држава);

7. припадност на заедниците;

8. религиска припадност;

9. учество во синдикат;

10. место на работа (општина, населено место, улица и број, држава);

11. степен и вид на завршено образование (без образование, основно училиште, средно училиште, вишо, факултет, магистри и доктори на наука);

12. степен на стручна подготовка, (НКВ, ПКВ, КВ, ВКВ, ССО за занимање):

- завршени програми за стручно оспособување (обука, доквалификација и преквалификација) и

- посебни знаења и способности (компјутерски способности, знаење на странски јазици и други вештини);

13. шифра и опис на занимање;

14. работно време на работникот (полно работно време или скратено);

15. стаж на осигурување до стапувањето на работа кај работодавачот;

16. траење на работниот однос:

- на неопределено време и

- на определено време;

17. број на трансакциска сметка;

18. износ на плата;

19. податоци за дисциплински постапки и изречени парични казни;

20. дали е трудов инвалид (здравствени податоци);

21. датум на засновање на работниот однос;

22. датум на престанок на работниот однос;

23. основа за престанок на работниот однос

 

Цели на обработка на личните податоци на вработените на ВИТА РЕС

Во однос на целите на обработката, истите се елаборирани во Политиката за приватност на ВИТА РЕС ДОО Ресен, односно за цели за исполнување на законски обврски на ВИТА РЕС, како и исполнување на договорните обврски со вработените на ВИТА РЕС.

Дополнително, ВИТА РЕС ги обработува личните податоци на вработените на ВИТА РЕС и за потребите на легитимниот интерес на ВИТА РЕС, во следните ситуации:

1. Носење одлука за внатрешно распоредување по сектори, унапредувања, итн...;

2. Донесување на одлуки за платата и други бенефиции;

3. Обезбедување на договорни бенефиции за вработените;

4. Одржување на сеопфатна, ажурирана евиденција за вработените на ВИТА РЕС, со цел да се осигури, меѓу другото, воспоставување на ефикасна коресподенција и одржување на соодветни точки за контакт во случај на некоја итност;

5. Ефикасно следење на работењето и ефикасност и преземање соодветни активности, доклку се појави таква потреба;

6. Проценка за потребите за обуки;

7. Ефективно управување за боледувања и одмори на вработените;

8. Управување со системот за законско отсуство од работа и плата, како што се породилно отсуство, неплатен одмор, и слично;

9. Деловно планирање и реструктуирање;

10. Справување со правни постапки против ВИТА РЕС;

11. Спречување на измами;

 

Посебни категории на лични податоци на вработените на ВИТА РЕС

Посебни категории на лични податоци кои ги обработува ВИТА РЕС се:

1. Здравствени податоци;

2. Етничка припадност;

3. Религиска припадност;

4. Синдикално учество.

Посебните категории на лични податоци се обработуваат заради:

1. интерните процедури за отсуство на вработените од здравствени причини;

2. извршување на разумни прилагодувања за лица со попречености;

3. одредување на неработни денови согласно изјаснетата религиска припадност на вработените на ВИТА РЕС;

4. за финансиска помош на вработени и/или членови на нивното поблиско семејство во случај на потешки здравствени и сл. вид на незгоди/несреќи.

 

Врз основа на законските прописи за заштита на личните податоци, ВИТА РЕС не е обврзана да обезбеди посебна согласност за обработка на посебните категории на лични податоци со цел да ги спроведе своите законски обврски коишто произлегуваат од прописите за работни односи, социјално и здравствено осигурување. Во зависност од целта на обработка, можно е во одредени ситуации да побараме согласност за обработка на посебни категории на лични податоци. Во тој случај, вработените се целосно запознаени со причините за обработката.

 

Податоци за кривични осуди

ВИТА РЕС врши обработка на податоци за осуди за кривични дела во согласност со Законот за заштита на личните податоци, во зависност од природата на работните задачи и за оние работни места за кои ВИТА РЕС има законска обврска да ги обработува истите (Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам).

Овие податоци најчесто се јавуваат во форма на Потврда за неосудуваност која се издава од соодветниот надлежен суд и се чува во досието на вработениот со ограничен пристап.

 

Корисници и пренос на лични податоци

ВИТА РЕС, доколку е потребно може да ги открие личните податоци на овластени колеги во рамките на ВИТА РЕС, доколку е неопходно со цел да ги извршат своите работни задачи; соодветен раководител заради менаџирање со работните обврски; вработените во Секторот за кадри на ВИТА РЕС заради оддржување на досиејата на вработените и/или внесување на податоците во соодветните системи. Во однос на останатите можни корисници на овој тип на податоци како и за преносот на личните податоци, важат одредбите од точки број 6 и 7 од Политиката за приватност на ВИТА РЕС ДОО Ресен.

Безбедност на обработка на лични податоци

ВИТА РЕС ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци на вработените се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба.

Време на чување на лични податоци

Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, ВИТА РЕС ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката. Во текот на времетраењето на вработувањето, личните податоци на вработените се водат во евиденцијата на вработени, а по престанокот на работниот однос, во согласност со Законот за архивски материјал, Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење и Законот за евиденции од областа на трудот, се чуваат како документ од трајна вредност. Во однос на другите податоци од досието, периодот на чување на податоците може да варира, во зависност од целите на обработката на личните податоци.

Права согласно Законот за заштита на личните податоци

Правата на вработените во врска со личните податоци и начинот како да ги остварат истите се опишани во точка број 8 од Политиката за приватност на ВИТА РЕС ДОО Ресен.

Податоци за контакт

За сите прашања со оваа Политика или други прашања поврзани со заштитата на личните податоци, контактирајте ја ВИТА РЕС на начин опишан во точка број 13 од Политиката за приватност на ВИТА РЕС ДОО Ресен.

 

АНЕКС број 3: ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ВИТА РЕС ДОО РЕСЕН

Оваа Политика се однесува на кандидатите за вработување во ВИТА РЕС ДОО Ресен (во понатамошниот текст: “кандидати”). Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги чува ВИТА РЕС за кандидатите за вработување во ВИТА РЕС, целите на обработка на нивните лични податоци, времето на чување на истите, итн.. Во однос на начелата на заштита на личните податоци, ВИТА РЕС се води од начелата опишани во точка број 2 од Политиката за приватност на ВИТА РЕС ДОО Ресен.

Категории на лични податоци на кандидатите за вработување во ВИТА РЕС што ВИТА РЕС ги обработува

ВИТА РЕС ги обработува следните лични податоци на кандидати за работа:

• Име и презиме, адреса, датум на раѓање, телефонски број;

• Слика и тоа единствено со изречна согласност од кандидатот, дадена во согласност со Законот за заштита на личните податоци;

• пол;

• информации вклучени во CV-то, вклучвајќи степен на образование и историја на вработување;

• документација за потврдување на правото кандидатот да работи во Република Северна Македонија;

• возачка дозвола (за одредени работни позиции).

Цели на обработка на личните податоци на кандидатите за вработување во ВИТА РЕС

Во однос на целите на обработката, истите се елаборирани во точка број 4 од Политиката за приватност на ВИТА РЕС ДОО Ресен.

Дополнително, ВИТА РЕС има легитимен интерес да ги обработува личните податоци на кандидатите за вработување заради следниве цели:

• Носење одлука кому да му се понуди вработување од кандидатите пријавени за работното место, внатрешно распоредување по сектори, унапредувња и слично;

• Донесување на одлуки за платата и други бенефиции;

• Проценка за потребите за обуки.

Доколку апликацијата не е успешна и на кандидатот не му е понудено работното место, личните податоци нема да бидат употребени за било каква друга причина. Истите ќе бидат уништени од базата на податоци на ВИТА РЕС. При горниот случај, ВИТА РЕС може да побара согласност од кандидатот за да ги зачува неговите лични податоци во базата на податоци на потенцијални кандидати за вработување, во случај да се појават соодветни слободни работни места во организацијата за кои смета дека би сакале да аплицираат во рок од 1 или 2 година максимум.

Корисници и пренос на Вашите лични податоци

Како од кандидат за вработување во ВИТА РЕС, ВИТА РЕС ги открива личните податоци на раководителот на Секторот во ВИТА РЕС за работното место за коешто аплицирал кандидатот, како и на останатите вработени лица во ВИТА РЕС задолжени за интервјуирање и селекција на кандидати. Во однос на остантите можни корисници на личните податоци на кандидатот како и за преносот на личните податоци, важат одредбите од точките број 6 и 7 од Политиката за приватност на ВИТА РЕС ДОО Ресен.

Безбедност на обработка на личните податоци

ВИТА РЕС ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба.

Време на чување на личните податоци

Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, ВИТА РЕС ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката, а истото зависи од тоа дали апликацијата на кандидатот ќе биде успешна или неуспешна.

Доколку апликацијата е неуспешна, и притоа ВИТА РЕС нема согласност од кандидатот да ги чува неговите лични податоци за идни отворени работни позиции во ВИТА РЕС, личните податоци ќе ги чува најмногу 60 дена од денот на завршување на изборот за работната позиција.

Доколку ВИТА РЕС побарала и добила согласност за чување на личните податоци за идни отворени работни позиции во ВИТА РЕС, податоците ќе ги чува во период од 1 или 2 години, во зависност од согласноста. По завршување на овој период ВИТА РЕС ќе ги уништи личните податоци, освен во случај ако кандидатот ја повлекол согласноста порано.

Доколку апликацијата е успешна, личните податоци ќе бидат пренесени во евиденцијата на вработени на ВИТА РЕС.

Права согласно Законот за заштита на личните податоци

Правата во врска со личните податоци се опишани во точка број 8 од Политиката за приватност на ВИТА РЕС ДОО Ресен.

Податоци за контакт

За било какви прашања со оваа Политика или други прашања поврзани со заштитата на личните податоци, контактирајте ја ВИТА РЕС на начин опишан во точка број 13 од Политиката за приватност на ВИТА РЕС ДОО Ресен.

bottom of page